Словачка ја помага Македонија да стане членка, Бугарија ја запира

Непријатен политички удар за Бојко Борисов

Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) изрази благодарност за недвосмислената подршка дадена од страна на Чешка и Словачка за европска интеграција без крајно неразбирливите условувања за промена на историјата.

-Би сакале да потсетиме дека преку оригиналната платформа за структурен дијалог позната како НКЕУ-МК се спроведува со подршка на SlovakAid и Словачката асоцијацијата за надврешна политика од Братислава. Словачка суштински ги подржува евроинтеграциските процеси во Македонија, но и во целиот регион. Повеќе од три години НКЕУ-МК ја обединува националната стручна јавност со цел побрзо напредување во имплементацијата на европските стандарди и тоа во амбиент на продуктивна и пријателска соработка со словачките експерти, кои се подготвени за безрезервна подршка, посочуваат од Националната конвенција.

Словачка веќе неколку години издвојува пари и праќа експерти од повеќе сфери опфатени со европската регулатива за да ја подготви земјата за членство во Унијата, а Бугарија, која не помага помага само реторички а практично не прави ништо, со ветото ги направи беспредметни ваквите напори на Словачка.