Словачка испраќа до 500 војници на границата со Унгарија поради зголемениот прилив на мигранти


Словачките власти ќе испратат до 500 војници за да помогнат во контролата на мигрантите кои пристигнуваат од Унгарија, изјави премиерот на Словачка, Лудовит Одор.

Словачка бележи нагло зголемување на бројот на мигранти, главно од Сирија, кои влегле во ЕУ преку унгарско-српската граница и се упатуваат кон побогатите земји, претежно кон Германија.

Премиерот Одор рече дека е невозможно да се затвори границата со Унгарија, но војниците ќе и помогнат на полицијата да ги регистрира мигрантите и да патролираат во градови во пограничната област.

„Би сакал да ги уверам граѓаните дека сè уште зборуваме за транзитна миграција“, рече Одор по денешната владина седница.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека бројот на приведени илегални мигранти во Словачка се зголемил за девет пати оваа година, на повеќе од 27.000.