Слика до слика: Ислам Абази во друштво со функционери на ДУИ


Ислам Абази и Невзат Бејта (Фото: Фокус)

 

„Можеби и сме се сретнале“, изјави денеска избраниот прв човек на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, на прашањето дали имал контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој рече дека немал контакти со неговиот сонародник од селото каде што се двајцата родени, Зајас, а имаат и куќи таму.

Можеби немале контакт, иако можеби се сретнале, но фотографиите што еден ден се појавија во медиумите од сцени објавени на социјалните мрежи покажуваат дека Абази се чувствувал прилично комотно и опуштено во друштво на функционери од ДУИ: на приватни средби, па дури и на лов.

На една фотографија е со поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, на друга со обвинителот од скопското Вишо обвинителство, Дилавер Бектеши, кој одлучи да им се вратат пасошите на двајцата поранешни функционери на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, вмешани во изборни манипулации.

Ислам Абази и Фикрит Ахмети, братот на Али Ахмети

Потоа, Ислам Абази е во прилично пријателска атмосфера заедно со братот на Али, Фикри Ахмети.

Ислам Абази вчера беше избран од сите обвинители во државава на тајно гласање. Тој доби 66 гласа, два повеќе од неговиот најблисок конкурент.