Следува период на променливо облачно време


Фото: Б. Грданоски

УХМР информира дека следува период на променливо облачно време, повремено со услови за појава на утринска магла по котлините.

Во сабота ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег.

-Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд, соопштуваат од УХМР.