Следниот самит ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи во Црна Гора 2026


Антонио Кошта и Јаков Милатовиќ

 

Црна Гора доби уште една пофалба за напредокот што го има на патот кон ЕУ. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, вчера по средбата со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, објави дека следниот самит на ЕУ со Западен балкан ќе се одржи во Црна Гора.

„На денешниот состанок со @JakovMilatovic, се согласивме самитот ЕУ-Западен Балкан во 2026 година да се одржи на 1 јуни во Црна Гора.

Ќе биде прекрасно самитот да се одржи во регионот и во земјата што остварува импресивен напредок кон пристапувањето во ЕУ“, напиша Кошта на Икс.