Следниот поканет во Хаг е државјанин кој за време на војната имал само 8 години


Специјалниот суд поканил на интервју државјанин кој за време на војната имал само  8 години. Ова го најави професорот Блерим Латифи, кој исто така е советник на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели.

“Во наредните денови, најинтересната личност што ќе ја допраша Специјалниот суд нема да биде некој командант на ,,УЧК”, туку косовски државјанин кој имал само осум години во време на војната “, напиша Латифи на Фејсбук.