Се зголемува бројот на славните кои донираат за борба против корона вирусот


САД- Пандемијата од корона вирус привремено ги затвори училиштата, ги одложи големите спортски и културни натпревари, а значително влијае и на бизнисот. Во овие тешки моменти многумина од славните личности донираа пари за различни групации, од храна, заштитни средства до пари за истражувања.

Еве некои од нив:

Амал и Џорџ Клуни – 1 милион долари од кои 300.000 долари за Либанската банка за храна, Националниот здравствен сервис и за италијанскиот регион Ломбардија.

Сандра Булок – 6.000 N95 маски за медицинските работници во Лос Анџелес.

Пинк – 1 милион долари за Градот Лос Анџелес и болницата на Универзитетот Темпл.

Семејството Хилтон – 10 милиони долари за борба против ковид-19, од кои половина за помош на бездомниците во Лос Анџелес.

Ју ту (U2) – 10 милиони долари за заштитна опрема во Ирска, како и 40 вентилатори за Даблин.

Хелси – 100.000 маски за неколку болници.

Џек Дорси – 1 милијарда долари за борба против корона вирусот.

Леонардо ди Каприо – 15 милиони долари за храна за децата и семејствата со ниски приходи.

Карди Би – 20.000 шишиња вегански напиток за медицинските работници во Њујорк.

Нејмар – 1 милион долари за борба против вирусот во неговиот Бразил.

Џеф Безос – 100 милиони долари за Нахранете ја Америка.

Опра Винфри – 10 милиони долари за борба против вирусот, од кои 1 милион за Американскиот фонд за храна.

Селена Гомез – помага на сестрите и докторите во болницата Седар Синај во Лос Анџелес, кои немаат доволно маски и вентилатори.

Њу Ингланд Патриотс – Тимот со приватен авион донесе 1,2 милиони маски од Кина во Бостон.

Доли Партон – 1 милион долари за истражувања против вирусот во Универзитетот Нешвил.

Ким Кардашијан Вест – 1 милион долари за семејствата на заболени од корона вирус.

Марк Цукербеег и Присила Чен – 25 милиони долари за Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Јелена и Новак Ѓоковиќ – 1 милион евра за Фондацијата со која ќе се обезбедат респиратори и друга медицинска опрема.

Ралф Лорен – 10 милиони за цлеи поврзани со ковид-19.

Конор Мекгрегор – 1 милион евра за заштитна опрема за неколку болници во родната Ирска.

Анџелина Џоли – 1 милион долари за организацијата „Да нема гладни деца“.

Роже Федерер – 1 милион швајцарски франци за ранливите категории во Швајцарија.

Кајли Џенер – 1 милион долари за маски и заштитна опрема.

Шон Мендес – 175.000 долари за Фондацијата за болни деца од Торонто.

Арнолд Шварценегер – 1 милион долари за медицинските работници.

Елон Маск – порача респиратори од Кина за Лос Анџелес.

Лионел Меси – 1 милион евра за болницата во Барселона и една во Аргентина.

Кристијано Роналдо и Хорхе Мендес – 1 милион евра за болницата Санто Антонио во Порто и Санта Марија во Лисабон.

Пеп Гвардиола – 1 милион евра за медицинска опрема.

Блејк Ливи и Рајан Рејнолдс – 1 милион евра за Нахранете ја Америка и Банката за храна во Канада.

Донатела и Алегра Версаче – 222.315 долари за интензивната нега во болница во Милано.

Бонг Јон-хо и Шуга – 164.000 долари за Јужна Кореа.

Аиша и Стефан Кари – 1 милион оброци за студентите и учениците.

Кјара и Расел Вилсон – 1 милион оброци за Сиетл.

Џастин Тимберлејк – донација за Банката за храна во неговиот роден Мемфис.

Џек Ма – 500.000 тествои за САД.

Зион Вилијамсон – ќе ги покрие платите за работниците во „Смути Кинг Центарот“.

Кевин Лав – 100.000 долари за поддршка на вработените во Кавс арена.

Ванеса Хаџенс – обезбеди храна за постарите.

Садио Мане – 50.000 долари за борба против корона вирусот во Сенегал.

Џими Фалон – храна за децата.

Леди Гага – 20 отсто од минатонеделниот профит за регионалната Банка за хрна на Лос Анџелес.

Џесика Алба – 3 милиони пелени, 20.000 продукти за заштита и 30.000 влажни марамчиња за сиромашните.

Џастин Бибер – 29.000 долари за Фондација во Пекинг за помош на децата.

Риана – 5 милиони долари за семејствата во социјален ризик во САД, Малави и Хаити.

Џеј Зи – 2 милиони долари за борба против корона вирусот во Њујорк и во Лос Анџелес.