Славниот српски актер Никола Којо се сели во Словенија


Никола Којо (52) уште лани најави заминување од Србија, бидејќи, како што изјави „не сака неговите деца да живеат во црна дупка“, а магазин Gloria.hr тврди дека актерот веќе поднел документи за селење во Словенија. Којо е познат по улогите во „Стадо“, „Парада“ и „Ние не сме ангели“.

„Ќе ви откријам дека поднесов документи за преселба , сега, на мои 52 години, а за новата дестинација се уште не можам да зборувам. Не мислам дека продолжам со семејството да живеам во Србија каде владее лудило, анархија, безаконие, се она што зборуваме за политичарите кои ни земаат од чинијата, зборувајќи дека тие нам ни дале нешто“, изјави лани Којо.

„Важна ми е работата, семејството, пријателите и мојот микросвет. Се трудам да ја избегнувам калта и фекалиите околу мене. За жал,тоа секогаш не ми успева“, изјави славниот актер за порталот clix.ba.

Зборувајќи за протестите во Белград и во Србија во кои учествувал, вели дека тоа се обиди да се укаже на проблемите.

„Не можам да кажам дека проблемот е политиката туку криминалната дружина која си зема за себе колку што ѝ треба и се обидува да ја купи својата бесмртност со тие пари. Протестите можат да имаат мал ефект ама народот не е свесен што му се прави. И понатаму некој мисли дека тоа е обична политика. Не сфаќаат дека е тоа мафија која треба да се симне од тронот, за да можеме нормално да живееме. И понатаму се воодешувевуваат од некои личности, како што некој кажа на социјалните мрежи. Да се аплаудира на политичар тоа е како да аплаудираш на банкомат кој ти ги исплатува сопствените пари кој си го заработил“, заклучува Којо.