Славниот готвач Гордон Ремзи доби петто дете


Англија- Славниот готвач Гордон Ремзи и неговата сопруга Тана добија петто дете. Тој објасни дека новородениот син ќе се вика Оскар Џејмс.

52-годишниот Гордон и неговата сопруга веќе имаат две големи ќерки – Меган на 21 и Матилда на 19 години. Тие се исто така родители на 17-годишни близнаци Џек и Холи.

Во смешен пост на Твитер, вчера ѕвездата на Hells Kitchen напиша: “По три BAFTA и една Еми награда конечно освоивме Оскар. Ве молиме поздравете го Оскар Џејмс Ремзи, кој се појави на светот денес во 12:58 напладне! “