Славната венчаница на принцезата Дајана во фокусот на The Crown, сезона 4


Англија-Во тизерот на Нетфликс, во сезона 4 на серијата The Crown, (Круната) наградувана со награди Еми- сите очи се вперени кон народната принцеза-а не кон Оливија Колман како кралицата Елизабета Втора, и свадбата на деценијата на леди Дајана Спенсер со принцот Чарлс во раскошната венчаница во Катедралата „Св.Пол“ во Лондон во 1981 година.

Во текот на трите сезони, на серијата на „Нетфликс“ приказната не води до бурната романса и кралската венчавка што ги наполни глобалните таблоиди, а сезона 4 ќе се емитува на 15 ноември.

„Нешто важно како монархијата едноставно не смее да се дозволи да не успее“, вели Колман како Елизабета Втора во клипот, кој завршува со славната венчаница  на Дејвид  и Елизабета Емануел со шлеп од 25 метри .

Венчаницата беше украсена со илјадници бисери, а долгиот шлеп беше прицврстен за тијарата на Дајана. По нејзината смрт во 1997 година, грижа за венчаницата водеше братот на Дајана, Чарлс Спенсер, и беше прикажана во рамки на изложбата „Дајана: Прослава“ во нејзиниот семеен дом во Алторп, секоја година по два месеци. Исто така, венчаницата беше дел на разни други изложби низ светот.

Ѕвездата на „Pennyworth“, Ема Корин ја игра Леди Ди наспроти Џош О’Конор, како принцот Чарлс. Џилијан Андерсон, накратко се појави во тизерот од 33 секунди, како Маргарет Тачер, премиер на Велика Британија од 1979 до 1990 година.

Елизабет Дебики ќе ја игра принцезата од Велс во петтата и шестата сезона на серијата The Crown („Круната“), објави „Нетфликс“ во неделата.

Дебики ќе се приклучи на новата актерска екипа на серијата во која играат Имелда Стантон како кралицата Елизабета, Лесли Менвил како принцезата Маргарет и Џонатан Прајс како принцот Филип.

Дебики ќе ја преземе оваа улога во најдраматичните поглавја на ликот. Сезоните пет и шест се очекува да бидат последните сезони на серијата.

„Духот на принцезата Дајана, нејзините зборови и нејзините постапки живеат во срцата на многу луѓе ширум светот,“ напиша Дебики на Твитер. „За мене ова е вистинска привилегија и чест да станам дел од оваа маестрална серија, која апсолутно ме освои уште во првата епизода“, додава актерката.

Дебики, 29-годишна австралиска актерка, се смета за sвезда во подем по улогата во трилерот „Вдовици“ во режија на Стив Квин. Таа исто така глуми во претстојниот трилер на Кристофер Нолан „Тенет“. Други нејзини добри улоги се во „Големиот Гетсби“, „Изгорена портокалова ерес“ и „Чувари на Галаксијата дел 2“.

„Круната“ е британска серија во три сезони, со три нови продолженија во најава. Досега, сценариото хронолошки ги обработуваше настаните што го одбележаа владеењето на кралицата Елизабета II во минатиот век.

Од серијата може да се заклучи  дека круната претставува неприкосновен авторитет со големи привилегии, но сепак, недостигот на слобода и приватен живот предизвикува фрустрација – темната страна на величествените титули.