Славната руска пејачка Ала Пугачова бара од властите да ја прогласат за „странски агент“

Апелот на Пугачова доаѓа откако нејзиниот маж Максим Галкин беше прогласен за „странски агент“


Ала Пугачова (73) и нејзиниот сопруга Иван Галкин (46) заедно со нивните две деца родени од сурогат мајка

 

 Славната советска и руска пејачка Ала Пугачова на социјалните мрежи објави „апел до Министерството за правда на Руската Федерација“, во кој бара да биде запишана „во редовите на странските агенти на нејзината сакана земја“.

Пугачева рече дека е солидарна со нејзиниот сопруг Максим Галкин, „чесен, пристоен и искрен човек, вистински и некоруптивен патриот на Русија“, кој на својата земја ѝ посакува „мирен живот, слобода на говор“ и крај на смртта на луѓе „за илузорни цели“.

На 16 септември руското Министерството за правда го прогласи Максим Галкин, кој ги критикуваше руските власти за нападот врз Украина, за „странски агент“. Според министерството, уметникот води политички активности и добива помош од странски извор – Украина.

Ала Пугачева, за разлика од Галкин, по почетокот на руската инвазија на Украина, се воздржа од јавни изјави за војната. По избувнувањето на војната, беше објавено дека парот ја напуштил Русија. Во август се дозна за враќањето на Пугачева во Русија; Максим Галкин останува во странство, настапувајќи на концерти.