Слави Трифонов обвинет дека сака Фејсбук република


Некои од коментаторите велат дека потегот на Слави Трифонов е провокација за нови избори (Фото: АФП)

Партијата Има таков народ ги крши сите модели – кога го доби мандатот за влада веднаш го врати, кога не им е даден мандат – тие нудат владин кабинет

 

Додека Бугарија ги чека конечните резултати од изборите и распоредот на мандатите во новото собрание, шуменот Слави Трифонов, лидер на партијата Има таков народ, ја објави новата влада, за која се испоставува дека не побарал поддршка од никого. Барем не од оние што се дел од протестните партии.

Најмалата од протестните партии, Исправи се! Мутри надвор!, од телевизијата дознала за владата што ја составил Трифонов, а на чие чело треба да биде поранешниот вицепремиер Николај Василев. Вториот човек во партијата, Николај Хаџигенов, утринава за Бугарското радио изјави дека нема да поддржат ваква „Фејсбук република“ каква што сака да направи Трифонов. Во собранието со 64 места Има таков народ треба да освои 64 мандати, а Исправие се! Мутри надвор! – 13.

Хаџигенов изјави дека објавувањето влада преку Фејсбук без консултација со никого, кога недостасуваат 57 пратеници за мнозинство е неодговорно и дека тоа потсетува на стилот на Бојко Борисов, кој ја крстереше Бугарија со џип и со видео пораките преку Фејсбук ја управуваше земјата.

„Во политиката е невозможно и апсурдно да се прави влада на ваков начин, преку Фејсбук“, додаде Хаџигенов. Според него, ова бил диктаторски потег од типот на Борисов и дека треба да се почека по формирањето на паралементот претседателот да почне со постапката на давање на мандатот.

„Одбиваме да учествуваме во Фејсбук република, телевизиска република, шоу република. Ви благодарам. Ова е нешто против што се бориме 12 години, нема да го дозволиме тоа повторно“, рече тој.

Некои од политичките аналитичари го поздравија потегот на Трифонов, а други велат дека тој ги преценува своите можности.

„Со само 24 проценти од гласовите, со рекордно слаб одѕив од само 40 проценти, Трифонов инсистира на карт бланш да ја води земјата“, изјави за локалните медиуми Даниел Смилов, политички научник од Центарот за либерални стратегии. Тој додава дека предлогот на Трифонов изгледа како провокација за одржување нови избори.

„Ова е потег со кој Трифонов ја сака практично целата моќ против многу фрагментарната и лабава ‘програма’ на приоритети. Ова е потег против логиката на парламентарно владеење и изгледа како провокација насочена кон нови избори. Главниот ефект на ваквиот потег е двосмисленост и недостаток на предвидливост. Зад таквата политичка конструкција – дури и ако помине низ парламентот – нема да биде јасно кој стои зад што“, вели Смилов.

Според него, технократски кабинет е можен во сегашната ситуација, но за да биде ефективен, тој мора да има јасна агенда и јасно парламентарно мнозинство. „И двете работи отсуствуваат во овој предлог на Има таков народ. Трифонов всушност сака парламентот да му даде согласност да управува, со кого тој ќе одлучи и како што нему му одговара“, додава Смилов.

Трифонов „маневрира со одредена директност: еве ја владата, дали можете да ја поддржите или не“, изјави за АФП Евгени Дајнов од Новиот бугарски универзитет. Неговата колешка Ана Крстева отиде дотаму што го опиша однесувањето на Трифонов како „нешто како изнуда“.

„По ерата на автопатите, влегуваме во ера на народна уметност и политички иновации. Партијата што победи на изборите сè уште не е потврдена, парламент сè уште не е формиран, претседателот сè уште не му го предаде мандатот за владата на првиот – и веќе имаме нацрт-кабинет. Партијата Има такви луѓе сака да изненадува – кога ќе добијат мандат, тие не прават влада, кога не им е даден мандат – тие нудат влада.

Бугарските гласачи сакаа промената да има три лица. Двапати имаа доверба во водач – Сакскобурготски и Борисов – и двата пати беа измамени. Сега тие свесно не ја повторија истата грешка и изградија триаголник на промена, оптоварувајќи ја секоја партија со различни очекувања. На врвот е ИТН – како мразокршач да го скрши моделот на скапана земја. За пробивот да биде одржлив, тој мора да биде исполнет со визија, политики, реформи“, оценува Крстева.

На социјалните мрежи некои изразија сомнеж дека влијанието на старата елита може да се одржи под владата на ИТН, додека други се потсмеваа на плановите на Трифонов да ги испрати првите бугарски астронаути во вселената по комунистичката ера. (Н.В.)