Славески: Некоординираноста за еврообврзницата ја чини државата најмалку 18 милиони евра


Пропустот со еврообврзницата ја чини државата најмалку 18 милиони евра и со тоа е предизвикана директна штета на државата, изјави вечерва членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во гостување во „24 Анализа“ на Телевизија 24. 

Од друга страна, министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека тоа не е точно, затоа што кога се правеле планови во Министеството за финансии за оваа година, предвидени се 600 милиони евра задолжување, така што и со денешното задолжување трошокот е ист, односно нема дополнителен трошок за државата.

Славески истакна дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструкцијата на оваа Влада првично не чини 18 милиони евра.

„Кога во 2009 година беше издадена еврообврзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финансиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9 отсто, а сега е 5,25 отсто. Тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообврзници на лимитираните пазари беше над 10 отсто“, рече Славески.

Тој посочи дека не треба да не чуди тоа што има интерес кај инвеститорите за еврообврзниците затоа што другите извори за финансирање се со пониски приноси гледано од аспект на инвеститорите.

Предвидувањата за стапката на инфлација во ЕУ оваа година се некаде под пет проценти, а во наредните години дека ќе се намали под три отсто, според предвидувањата на ЕЦБ, така што ова е добра зделка за инвеститоруите, додаде Слаевски.

„Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообврзница, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.

Министерот Бектеши вели дека денешната камата од околу 6,9 отсто е трошкот за еврообврзницата и околу 3 отсто за 100-те милиони евра од ЕУ како директна буџетска помош. што се заедно дава вкупна цена на задолжувањедто од околу 6,2 отсто, што значи дека нема дополнителен трошок во однос на евообврзницата која што беше издадена минатиот месец и потоа беше откажана.