Славески го советува ССМ да се грижи за работните места, а не за минималната плата

Универзитетскиот професор Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен претседател на Советот на Град Скопје, денеска гo критикуваше Сојузот на синдикати на Македонија кој на состанок во Владата повторно барал зголемување на минималната плата. Наместо тоа, тој вели дека требало да предложат мерки за зачувување на работните места.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Слевески ги прокоментира изјавата на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, дадена пред состанокот во Владата:
„На денешната средба во Влада, Сојузот на синдикати на Македонија требаше да настапи со предлози за зачувување на работните места под налетот на рецесијата која се заканува да ѝ нанесе тежок удар на македонската економија.
Наместо ова, тие се фокусирале на притисоци за зголемување на платите како да ќе нема утре.
Доаѓа време кога сите треба трезвено да настапуваме. Износот на минимална плата во однос на просечната во Република Македонија, кој во моментов изнесува 59%, како сооднос е меѓу највисоките во светот.
Тој е далеку изнад препораките на Меѓународната организација на трудот (40% сооднос минимална/просечна плата) и на Европската комисија (50%)“, напиша Славески на Икс.
(НЕ)ОДГОВОРНИ СИНДИКАТИ
На денешната средба во Влада, Сојузот на синдикати на Македонија требаше да настапи со предлози за зачувување на работните места под налетот на рецесијата која се заканува да ѝ нанесе тежок удар на македонската економија.
Наместо ова, тие се фокусирале… pic.twitter.com/NWyLKgw14s
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) April 9, 2025