Слаба излезност до 15 часот во Тетовско


Ниската излезност до 15 часот во споредба со првиот круг останува карактеристика на гласањето за претседател во вториот изборен круг во шестте тетовски општини. Најмала излезност и понатаму има во општина Желино каде досега гласале само 9,03 отсто од регистрираните гласачи (прв круг 10,06 отсто), како и во Боговиње каде гласале 10,49 отсто од граѓаните (прв круг имало 12,12 отсто).

Општинската изборна комисија во Тетово бележи 14,54 излезност на гласачите што е помалку во споредба со гласањето на 21 април кога имало 19,83 отсто граѓани кои гласале.

Како и пред две недели најмногу се гласа во општините Јегуновце и Брвеница. Во Јегуновце има 21,95 отсто излезност што претставува и мало зголемување од првиот круг кога имало 21,80 отсто до 15 часот. Граѓаните на Брвеница имаат 20,53 отсто излезност, за разлика од претходниот изборен ден на 21 април кога имало 20,90 отсто.

На гласање во избирачките места во оштина Теарце до 15 часот излегле 14,54 отсто, што исто претставува намалување во споредба со првиот круг кога имало 15,48 отсто излезност.