Слаб снег на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2022/01/Vozila-po-sneg-na-pat-1-bg_resize.jpg)
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка и на планинскиот превој Буково, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираа од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.