Скот: Приштина треба да ги укине таксите, ЕУ и понатаму да го води дијалогот


Американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот изјави денеска дека Приштина треба да ги укине таксите на стока од Србија, со цел да продолжат преговорите меѓу Белград и Приштина, додавајќи дека САД и понатаму го признаваат „водството“ на ЕУ во тој дијалог.

Запрашан дали САД ќе го употребат својот авторитет, со цел да ја вратат Приштина на преговарачка маса, Скот истакна дека Вашингтон се уште го признава водството на ЕУ во тој процес, а најважно е двете страни да се вратат на преговарачка маса.

– Пречка за тоа се тарифите и ние јасно укажавме до Владата на Косово дека треба да ги укине, со цел да се седне на преговарачка маса, а таму е најголемиот предизвик, истакна Скот.