Скорсезе се враќа на Нетфликс со нов документарец


САД- Режисерот Мартин Скорсезе се враќа во стриминг-гигантот Нетфликс една година по неговиот номиниран за најдобар филм, „Ирецот“, со нов документарец „Преправај се дека е град“.

Скорсезе ( 78) и режира и е претставен пред камерата за овој нов документарен филм, кој гио истражува умот, духовитоста и чудата на хумористката Фран Лебовиц.

Лебовиц е американски авторка, јавен говорник и повремена актерка. Таа е позната по своите сардонски општествени коментари за американскиот живот, филтрирани низ нејзиниот њујоршки сензибилитет.

Трејлерот прикажува извадоци од разговори на режисерот со 70-годишната Лебовиц каде таа ги нуди своите мислења за нејзиниот сакан дом, Њујорк.

Најавата се отвора со настан на „Американскиот филмски институт“(АФИ) во Њујорк, каде таа е на сцената во разговор со Скорсезе и одговара на прашања од присутните фанови.