Скопското Кале напролет ќе стане активна туристичка атракција


Фото: Б. Грданоски

Професорот Драги Митревски на одржаната платформа во владата, на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“ кажа дека ревитализацијата на Скопското Кале ќе продолжи откако новоформираната комисија ќа ја утврди актуелната состојба во која се наоѓа запуштената тврдина, која потекнува од 6 век, а потоа ќе се пристапи на довршување на реконструкцијата. Се очекува Калето да биде реконструирано до март следната година.

„Со реализација на првата фаза, која што всушност треба да го врати Калето во онаа состојба, во која што беше во 2017 година, уште со реализација на таа фаза, Калето ќе биде спремно за туристичка експлоатација и ќе може да се стави во таа функција“, изјави Митревски,

За комплетна ревитализација на оваа културно-историска знаменитост ќе бидат потребни уште две до три фази. Според Митревски, Калето заедно со Аквадуктот, римскиот град Скупи и црквата Свети Пантелејмон, го прават Скопје град со вредности , кои се во врвот на европската култура.

Министерот за култура и туризам Зоран Лутков во првите 100 дена од владата најави реализација на неколку значајни проекти за наредната година, меѓу кои и ревитализација на Скопско кале. Тој рече дека за овој проект е формирана комисија, а парите се обезбедени од Управата за заштита на културното наследство.

На прашањето дали ќе се обнови и делот од Скопско кале каде 13 години претходно имаше меѓуетнички судири , Љутков рече дека случувањата во минатото биле политички. Тој увери дека на ова место ќе има само музеј, а не и црква.

Скопското Кале со години е запуштено. Во 2011 почнаа да се градат три музеи, Музеј за праисторија, од османлиски и од средновековен период, но до ден денес ниту се отворени, ниту пак е просторот уреден.

Според Управата за заштита на културноро наследство, целосно изградените музеи на предвидени за поставките на археолошките предмети од праисторискиот и отоманскиот периот се целосно запуштени, а видливи се и делумни оштетувања, а музејот предвиден за поставката на археолошките предмети од средновековниот период, кој не е дограден, е целосно обраснат од вегетација.