„Скопско“ во фокус на чистење од отпад на националните обележја


„Скопско“ ja претстави новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ во партнерство со Министерството за животна
средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи. Главната цел на оваа платформа е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување.
“Пивара Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на
одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд – СКОПСКО, ја
започнуваме долгорочната платформа „Наша гордост. Наша одговорност.“, која се фокусира на
животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има – да ја поддржи
заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар,
сите заедно. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување
она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја“ – изјави Горан
Сладиќ, генерален директор на Пивара Скопје, истакнувајќи дека овој проект целосно ги
поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржливост согласно платформата Свет без отпад до
2030 година, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.