Скопските средни училишта добија современи кабинети, лаборатории и спортски терени објави


Новата учебна година во средните училишта во Скопје започнува со подобрени и современи услови за учениците. Во текот на летниот период беа реализирани низа инвестиции во образовната инфраструктура, со цел создавање поквалитетна и инспиративна средина за учење.

Обновени и опремени се кабинети по математика и физика, лаборатории по хемија и биологија, а училиштата добија современа наставна опрема, интерактивна технологија, дидактички помагала и нов мебел.

Посебно внимание е посветено на практичната настава преку современи лаборатории и изградбата на паметен пластеник, каде учениците ќе имаат можност практично да ги применуваат знаењата од науката, технологијата и земјоделството.

Дополнително, изградени се и нови современи спортски терени, со што се создаваат подобри услови за спорт, физичка активност и здрав развој на младите.

Со овие инвестиции, Скопје продолжува да гради образование што ја поттикнува љубопитноста, креативноста и практичните знаења и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднината.