Скопски џез фестивал со нов календар за 2022- традицијата на врвен дизајн продолжува


за 42. Скопски џез фестивал се предвидени 3.800 илјади денари

Малку познат факт е дека Скопскиот џез фестивал е македонски бренд со убедливо најголем број значајни награди (преку четириесет) на светските маркетиншки фестивали (вклучувајќи и „Гранд при“ на најпознатиот, во Кан). Визуелниот идентитет на Скопскиот џез фестивал му обезбеди препознатливост и исклучителен рејтинг во светот. Не само со плакатите, туку и со видео клиповите (анимираните или оние работени на филмска лента), со монографиите, програмските каталози и со календарите – единствени во светот од тој тип“, велат од фестивалот.

Тие се заблагодаруваат на сите дизајнери и агенции со кои ја граделе визуелната историја на фестивалот.

Дизајнерски и графички календарите се изработуваат на врвно професионално ниво, а словенечкиот и светски фотограф Жига Коритник, повеќе од 25 години во октомври доаѓа во Скопје со специјална мисија – да изработи што е можно подобри фотографии со учесниците на фестивалот, кои ќе бидат употребени во календарот.

Скопскиот џез фестивал вчера , во рамките на џез-матине во „Мака“ со концертен настап на триото на Филип Букршлиев, актуелени добитник на наградата најдобар млад џез музичар во Македонија, го промовираше новиот календар за 2022.