Скопје заличи на светска метропола со спектаклот „Сонот на Ербер“ (фото)
Претставата “Сонот на Ербер“ синоќа беше покана да патуваме и сонуваме.е. Публиката беше дел од поетска и волшебна претстава каде што секој може да си замисли своја сопствена приказна. Претставата беше намената за сите возрасти, за деца, за нивните родители па дури и нивните дедовци и баби. Комбинација од светлина, танц, музика, театар… префектна уметност на улиците на Скопје, а секако, кој не сака светлина, музика, танц и театар?
Неколку џиновски осветлени фигури како да се од друга планета синоќа продефилираа низ центарот на Скопје од Старата железничка станица, преку улицата Македонија и Камени мост, до плоштадот Карпошово востание. Станува збор за уметничката трупа „Кидам“ која ја изведе точката „Сонот на Ербер“.
Видео-мапингот „Франција во светлина“ беше дело на македонскиот визуелен уметник, Емил Петро.
Настанот беше дел од програмата на годинешната скопска „Бела ноќ“. Со него се одбележаа два јубилеја – 20-тата „бела ноќ“ и 50-годишнината од почетокот на работата на Францускиот институт во Скопје.
Спектаклот „Сонот на Ербер“ беше еден од дваесетина настани што синоќа се одржаа на повеќе локации во Скопје во рамките на „Бела ноќ“.