Скопје Сити Мол слави 14 години: Од 30 септември до 4 октомври богата програма, креативни активности и огромни попусти
Од 30 септември до 4 октомври, посетителите на Скопје Сити Мол ги очекуваат пет дена исполнети со музика, креативни работилници, игри, забава и активности за различни генерации, а роденденскиот викенд носи и огромни попусти во продавниците.
Скопје Сити Мол го прославува својот 14-ти роденден, а по повод роденденот подготви богата програма која ќе го исполни молот со различни активности и содржини за посетителите.
Од креативни работилници и музика во живо, преку коктели, друштвени игри и предизвици, до активности за најмладите и големи попусти – роденденската програма носи по нешто за различни вкусови и генерации.
Три дена огромни попусти
Од петок, 2 октомври, до недела, 4 октомври, роденденското расположение се пренесува и низ продавниците во Скопје Сити Мол, каде посетителите ги очекуваат огромни попусти од голем број брендови.
Три дена за шопинг, роденденска атмосфера и специјални понуди, кои се одлично дополнување на богатата програма што ќе се одвива низ молот.
А еве што ве очекува во текот на роденденските денови:
30 септември
Роденденската програма ја отвораме со малку креативност и добра доза забава.
На втор кат, веднаш до FoodCourt, од 18:30 до 20:00 часот, ќе можете да се приклучите на работилницата за цртање на платно и да создадете нешто свое. Пријавувањето е бесплатно, преку линк кој ќе биде споделен на социјалните мрежи на трговскиот центар.
А ако повеќе ве привлекуваат коктели, на втор кат до Cineplexx, од 18:00 до 20:00 часот, ве очекува Cocktail работилница. Шест учесници ќе се менуваат на секои 30 минути и ќе имаат можност практично да се запознаат со подготовката на коктели.
1 октомври – време е за игра
На 1 октомври продолжуваме со активности за сите што уживаат во добра игра и малку натпреварувачки дух.
Веднаш до Cineplexx, од 18:00 до 20:00 часот, ве очекуваат 10 типа друштвени игри, награди и дополнителни активности за најдобрите.
А за оние кои сакаат малку поголем предизвик, од 18:00 до 22:00 часот следува EscapeRoomMiniBox, со два типа игри и инструктори кои ќе ви помогнат да стигнете до решението.
2 октомври – роденденскиот викенд почнува
Со петокот започнува и роденденскиот викенд, а со него и трите дена со огромни попусти во продавниците.
Но, тоа не е сè.
Кај PlayCafe, од 14:00 до 17:30 часот, роденденската програма продолжува со DJ сет, а од 18:00 до 21:00 часот, веднаш до Istyle, ве очекува 360° фотобут.
На втор кат, веднаш до FoodCourt, од 18:30 до 20:00 часот, следува работилница за цртање торби – затоа што уметноста е уште поубава кога можеш да ја носиш со себе. Учеството е бесплатно со претходна пријава преку линк достапен на социјалните мрежи на SkopjeCityMall.
За малку поинаква атмосфера, на приземје до Mango, од 18:30 до 21:30 часот, ве очекува AperitivoCorner, со три типа аперитиви и три типа коктели, придружени со стартер.
А петочната вечер ќе ја заокружиме со музика во живо на платото кај Тренд Кафе, каде од 19:00 до 21:30 часот ќе настапи Кроф Бенд.
3 октомври – сабота полна со активности
Саботата носи уште повеќе случувања низ Скопје Сити Мол.
Кај Mango, од 13:00 до 17:00 часот, посетителите ќе можат да добијат карикатура изработена од уметник во живо.
Во исто време, од 14:00 до 16:00 часот, до FoodCourt, најмладите ќе можат да се вклучат во детска кулинарска работилница и да се забавуваат со изработка на декорации за cupcakes. Пријавувањето ќе биде преку социјалните мрежи на молот.
Во Istyle, од 14:00 до 21:00 часот, ќе биде поставен 360° фотобут, каде посетителите ќе можат да направат забавни спомени од 14-тиот роденден на молот.
Во PlayCafe, од 14:00 до 17:30 часот, ќе има DJ сет за дополнителна музика и атмосфера.
Музика ќе има и во Тренд Кафе, каде од 14:00 до 16:30 часот ќе настапи TrioZigot.
Од 17:30 до 19:30 часот ќе се одржи работилница за женски мириси, на која ќе можат да учествуваат 20 лица. Пријавувањето ќе биде преку социјалните мрежи на молот.
4 октомври – роденденско финале
Последниот ден од прославата е резервиран за најмладите, креативните и, секако, уште малку роденденска забава.
На втор спрат кај FoodCourt, од 12:00 до 14:00 часот, најмладите ќе можат да се впуштат во светот на креативноста со работилница за изработка на фигури од глина.
Веднаш до Cineplexx, од 13:00 до 15:00 часот, следува работилница за изработка на накит, каде учесниците ќе можат да создадат свое парче. Пријавувањето ќе биде преку социјалните мрежи на молот.
Кај Mango, од 13:00 до 17:00 часот, посетителите повторно ќе можат да добијат карикатура изработена од уметник во живо.
За најмладите, од 17:30 до 19:30 часот, следува оригами работилница, на која ќе можат да учат и да изработуваат различни фигури од хартија.

Pizza Championship Macedonia 2026
Роденденската програма ќе го има своето големо финале на 3 и 4 октомври со PizzaChampionshipMacedonia 2026, голем меѓународен натпревар кој во Скопје Сити Мол ќе собере повеќе од 120 натпреварувачи од над 20 земји, заедно со меѓународни судии и гости.
Посетителите ќе можат во живо да следат натпревари во различни категории, да уживаат во PizzaAcrobaticaShow и да присуствуваат на MasterClass за PizzaNapoletana, со демонстрации од италијански мајстори од AccademiaPizzaioliItalia.
За најмладите посетители ќе има и посебна работилница „LittlePizzaChefs“, каде под менторство на професионални пица-мајстори ќе можат да научат како се прави пица и да ја создадат својата прва.
Со PizzaChampionshipMacedonia 2026, Скопје Сити Мол ќе ја заокружи петдневната роденденска програма со голем гастрономски настан кој ќе донесе меѓународна атмосфера, натпреварување и забава за посетителите.
14 години за секоја твоја желба!
Пет дена, многу различни активности, музика, креативност, игри, забава и, секако, огромни попусти во текот на роденденскиот викенд.
Скопје Сити Мол го слави својот 14-ти роденден од 30 септември до 4 октомври, со програма создадена за различни генерации и со многу причини овие денови да поминете време во омилениот трговски центар.
Роденденската програма се одржува од 30 септември до 4 октомври, а огромните попусти во продавниците се активни од 2 до 4 октомври.
Се гледаме во Скопје Сити Мол!
ПР објава