Скопје Сити Мол го донираше приходот од Сити Театарот на “Дневен центар – Доза среќа”


Скопје Сити мол го докажува својот статус на општествено одговорна компанија, која преку продадените билети од 3-те минатогодишни циклуси на театарски претстави во Сити театар донираше 250,000 ден. за Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром “Дневен центар – Доза среќа”од Скопје.

Взаемно со нашите посетители придонесуваме за повеќе детски насмевки, за среќа во сите детски очи. Затоа и овој пат, ќе се погрижиме нашите посетители да имаат незаборавно доживување за сите сетила во нашиот и пред се Ваш Сити театар, кој го започнува четвртиот циклус на хуманитарни претстави започнувајќи од 26.02.2023 година.

Репертоарот на претстави ќе биде исполнет со различни музичко – драмски претстави, наменети за деца од 3 до 10 годишна возраст. Ќе преовладуваат и несекојдневни богати визуелно технички ефекти, исполнети со ласерски анимации, проекции и друго, а преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката ќе има можност да партиципира и биде составен дел од претставите. 

Нашата интенција е и оваа година да овозможиме редовни културни манифестации преку Сити тетарот со иновативен концепт на делување, а воедно и со продажба на билети со надомест од 150 ден. да собираме исклучивно наменски средства кои ќе ги донираме повторно за хуманитарни цели.

Нашето мото и за овој циклус на претстави ќе биде “Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме” , изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.