Скопје Пиво фест 2019: Големи музички имиња, повеќе од 30 концерти


Од вечерва до недела, на стадионот на АРМ во Градски парк ќе се одржи Скопје Пиво фест – за прв пат во организација на „Пасворд продукција“ и Град Скопје со четиридневна програма, многу пиво и бесплатен влез за време на целиот фестивал.

Првата фестивалска вечер вечерва е резервирана за врвниот уметник на македонската музичка сцена Кирил Џајковски и миленичката на публиката TK Wonder и вокалистот Lion D, а посетители ќе уживаат и во настапот на едни од најголемите и најдобрите live изведувачи, Дубиоза Колектив од Босна и Херцеговина. Како и еден од најголемите македонски автори Горан Трајкоски, аудиовизуелниот спектакл на диџеј дуото Diskobajagi и стонер-рок бендот Палиндром.

Утре, на петок 13, ќе го разбиваме малерот со настапот на Д-р Неле Карајлиќ, легендата на „Топ листа надреалиста“ и „Забрањено пушење“, а за прв пат пред скопската публика и хип-хоп дуото од Црна Гора Who See. Љубителите на пиво и музика ќе имаат можност да ги ја видат и ултра популарна и провокативна трап банда MVR SVR (Bon Praskiza, Prince$$ Donatsu, Donplaya), најпознатиот реге бенд кај нас Conquering Lion и нивните сограѓани Këpurdhat, чија музика знае да приреди уникатни доживувања.

Третата фестивалска вечер, в сабота, 14-ти септември ќе ја отвори виртуозот на трубата – маестрото Џамбо Агушев со неговиот оркестар, а присутните нема да останат рамнодушни ниту на хитовите на мега популарниот српски бенд S.A.R.S. Пионерите на македонската рап-култура Чиста Околина, после долги години ќе настапат во живо со цел бенд . На сцената ќе застанат и амбициозните и секогаш позитивните ZeeBomb и предводниците на битолската рок панк сцена Паркети.