Скопје ќе се украсува, ама не се знае кога

Скопје конечно ќе заживее во празничен дух, но кога, не се знае. Дека ќе се украсува Скопје потврдила градоначалничката Данела Арсовска во интервју за 360 степени.
„Да ќе се украсува и ќе има дочек на Нова година во рамки на нашите можности“, изјави Арсовска.
На дополнително прашање што точно ќе има и кога ќе започне, Арсовска додаде дека ќе има дополнителна прес конференција на која ќе бидат објавени сите детали.