Скопје го виде оригиналниот ФИФА трофеј за Светското првенство


Денес, Скопје е центар на фудбалскиот свет и дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј. Оригиналниот симбол на фудбалската магија изработен од чисто злато што носи возбуда насекаде низ светот, конечно, е во нашата земја. 

Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското фудбалско единство пристигна заедно со амбасадорот на турнејата на трофејот, бразилската фудбалска икона Жилберто Силва. 

Дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј денес беше Пивара Скопје, официјалниот претставник на The Coca-Cola Company во нашата земја. Трофејот беше откриен во историски момент од страна на г. Стево Пендаровски – Претседател на Република Северна Македонија и фудбалската легенда Жилберто Силва, во присуство на г. Ламбро Патче – Директор за корпоративни политики и одржливост, г. Муарем Сејдини – Претседател на ФФМ, г. Лука Сантандреа, генерален менаџер на франшиза на the Coca-Cola Company, како и во присуство на претставници на медиумите од целата земја. 

Претседателот, г. Стево Пендаровски, како шеф на државата, имаше ексклузивна можност да го подигне FIFA World Cup™ трофејот, кој ќе им биде доделен на наредните шампиони на FIFA World Cup™. 

„Нема поголемо задоволство и верувам дека сите сме со иста мисла: дека еден ден, наскоро, капитенот на македонската репрезентација ќе го крене високо овој златен трофеј, и ќе го донесе во просториите на ФФМ.“, изјави тој.