(Фото) Скопје до полноќ ќе добие вода – дефектот е саниран


Откако се појави дефект на цевка кај Олимписки базен, речиси половина Скопје денеска немаше вода, а граѓаните беа снабдувани со вода со цистерни.

Сепак, од „Водовод и канализација“, известија дека дефектот е саниран, а граѓаните ќе добијат вода до полноќ.

„ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на бул. „Кочо Рацин“, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цефка од ф1400мм е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ“, се вели во испратеното соопштение.

Поради големиот дефект без вода се: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.