„Скопје 2014“ беше узурпација, оцени Забрчанец на конференцијата „Антиквизациска пропаганда“
Во Музејот на современа уметност се одржа конференцијата „Антиквизациска пропаганда“ рамки на изложбата „Станица Пропаганда“ осум панелисти со различни погледи и искуства изложија различни мислења и аспекти за проектот „Скопје 2014“ ставен во кореалција со титулата која ја доби градот Скопје – Европска престолнина во 2028 година.
Во своето излагање Марјан Забрчанец, националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, го оцени проектот „Скопје 2014“ како физичка узурпација на градот и посочи дека во изминатиот период недостасуваше концептуална стратегија за справување со проектот. Ако Скопје „2014“ беше узурпација, ние денес имаме барем мисловна слобода, но истакна дека има неколку жарчиња во ова време последно од шест години кој што можат да бидат земени како пример и кои што може да се користат како инспирација.
Едното жарче, според него, е отстанувањето на оградата околу Владата и ослободување на јавниот простор каде граѓаните слободно можат да се движат, посочи Забрчанец.
„Ако треба да одговорам на прашањето што треба да е денеска концептот за Скопје, имајќи го погледот напред, ако постземјотресно Скопје донесло концепт на брутализам во архитектонска смисла, а Никола Груевски донесе концепт на некаква антиквизациска пропаганда преку ‘Скопје 2014’ мислам дека денес имаме веќе примери кои што фрлаат еден поглед напред , на пример, училиштето „Киро Глигоров“, реконструкцијата на Универзална сала, паркот Ибни Пајко.
Тој рече дека „Скопје Град на културата 2028“ не е само локално прашање, не е ни национално, туку наднационално, балканско прашање, а сега станува и европско прашање и затоа учесниците на овие избори мора да одговорат на ова прашање кој е нивниот план, програма, концепт.