Скопјанка паднала во автобус на ЈСП, тешко е повредена


Фото: Б. Грданоски

Повозрасна скопјанка е тешко повредена откако паднала во автобус на ЈСП. 

– На 03.03.2024 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на бул.„Видое Смилевски Бато“ паднала патничката Н.Ј.(84) од Скопје, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти полицијата. 

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.