Скопјани се степале на охридска плажа


Во неделата, во 00.30 часот, на плажата „Сараиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад и употреба на стаклен предмет.

Имено, според полицискиот билтен се степале Л.Ч.(23) врз Љ.Д.(24) и Д.Ј.(24), сите од Скопје. Љ.Д. и Д.Ј. со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница во Охрид, а напаѓачот е приведен.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.