Скопјанец со пиштол му го усмртил кучето на соседот


Во саботата попладне, во полиција било пријавено дека соседот со пиштол убил куче, кое претходно го нападнало.

Имено, во 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1439“, во дворот од куќата Д.Б.(44) со пиштол усмртил куче „ротвајлер“, сопственост на неговиот сосед Ѓ.Н. (55), кое, според пријавеното, претходно, го нападнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.