Скопјанец со автомобил прегазил пешак во Куманово


Вчера околу 14.30 часот во Куманово на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило„Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од 72-годишниот И.М. од Скопје удрило во 47-годишната У.С од Куманово.

Повредената жена е пренесена и задржана на лекување во болницата во Куманово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.