Скопјанец почина од корона вирус на пат до болница


Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) почина 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден за позитивен на коронавирус преку Ветеринарен факултет. Тој починал на пат кон Градската општа болница ‘8 Септември’.

Со ова вкупната бројка на починати пациенти од КОВИД-19 во нашата земја во изминатите 24 часа изнесува 27.

На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 67 пациенти, шест се на механичка вентилација, а 12 се со потешка клиничка слика. Има влошување на состојбата на родилката од Куманово. Таа е респираторно независна, но со потешка клиничка слика на белите дробови.