Скопјанец останал без кран и сиолс што ги купил од гостиварска фирма во стечај

Б.А. (45), сопственик на фирма од Скопје, вчера во Полициската станица Гостивар пријавил дека му е одземена опрема која претходно ја купил од фирма во стечај.

Според СВР Тетово, како што рекол Б.А., овој месец засега непознати сторители му одзеле кран и силос. Во одземената опрема имало и вага за мерење мермерни блокови. Опремата се наоѓала на плац на улицата „Мара Угринова“.

Полицијата информира дека се работи на расчистување на случајот и на утврдување на причинитета штета.