Скопјанец ја натепал бремената сопруга


Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(24).

Како што се наведува во полицискиот билтен, 24-годишниот М.С. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.08.2026 во домот во скопско физички ја нападнал неговата 22-годишна бремена сопруга.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.