Скок во Хрватска, нови 91 случај заразени со Ковид-19

Националниот штаб за цивилна заштита на Хрватска денеска објави дека имаат скок во бројот на новозаразени со корона вирусот, односно 91, за разлика од вчера кога имаше 45. Исто така, починале и двајца пациенти.

„Имаме 91 нов случај, значително повеќе од вчера кога имавме 45 новозаразени. Две лица починаа“, велат од штабот.

Во Хрватска денеска активни се 618 случаи, од кои 115 се на болничко лекување, а на респиратор пет пациенти.

Од почетокот на епидемијата досега во Хрватска се забележани 5.740 случаи со корона вирус, од кои 160 починаа, а 4.962.

Во самоизолација се 2.111 лица, а вкупно се тестирани 130.688 примероци, од кои 1.309 во последното деноноќие.