Скарлет Јохансон по вторпат е најплатена актерка во светот


Actress Scarlett Johansson poses for photographers upon arrival at the 'Avengers Endgame' fan event in London, Wednesday, April 10, 2019. (Photo by Joel C Ryan/Invision/AP)

Американската актерка Скарлет Јохансон уште еднаш е на врвот на списокот за најплатени актерки според списанието „Форбс“. Таа заработила 56 милиони долари за минатата година.
Јохансон, исто така, го зеде првото место на табелата, заработувајќи 40,5 милиони долари помеѓу јуни 2017 и јуни 2018 година.
Како што забележува Форбс, улогата на „Црна вдовица“ во „Одмаздници“ се покажа како особено профитабилна улога за Јохансон – оваа улога го зголеми приходот на актерката за четири пати.
Според магазинот, оваа година најголем дел од нејзините приходи доаѓаат од плаќање надоместоци за настап во филмскиот универзум на „Марвел“ – повторно, „Црна вдовица“ и „Одмаздници: Крајот“.
Второто место на рангирањето го зазеде ѕвездата на телевизиската серија „Американско семејство“ Софија Вергара со приход од 44,1 милиони долари.
Рис Витерспун се искачи на две места од претходната година и заврши на третото место. „Форбс“ го процени нејзиниот приход на 35 милиони долари.
Актерките Никол Кидман и Џенифер Анистон на листата се на второто и третото место.