Скандинавските држави ја зајакнуваат соработката за депортација на мигранти


Министрите од Данска, Шведска, Норвешка, Финска и Исланд постигнаа договор за поблиска соработка меѓу нивните земји за депортирање на одбиените баратели на азил и други странци без дозвола за престој, јави ДПА.

На дводневната средба во Копенхаген, скандинавските земји се договорија за заедничките интереси, изјави вчера данската министерка за имиграција и интеграција Коре Дубвад.

Министрите се согласија за три иницијативи насочени кон „зајакнување на проектите за реинтеграција во земјите на потекло, координирање на заедничките скандинавски операции за враќање во соработка со (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража) Фронтекс и обезбедување помош на заглавените илегални мигранти во Северна Африка кои сакаат доброволно да се вратат во нивните земји, се вели во соопштението.

Во последниве години, Данска усвои строг пристап кон имиграцијата, додека се обидуваше да ги убеди соседните земји да го следат примерот.