Скандалозни сексуални игри во извиднички камп – истражуваат полицијата и обвинителството


Средношколци симулирале секс пози, оставале отисоци од полови органи на хамер, се соблекувале и бакнувале на интимни делови, споделување интимни работи, а сето тоа било бодувано, открива „Слободен печат“ .

Скандалозните сексуални активности се случувале во организиран извиднички кампводен од  „Прв скопски извиднички одред“, а пријавени се во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека заедно со Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки.

– Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба – велат од ОЈО Скопје.

Центарот за социјални работи, пак, знае за случајот, но чека официјална пријава да пристигне од МВР.

Средношколци симулирале секс пози, оставале отисоци од полови органи на хамер, се соблекувале и бакнувале на интимни делови, споделување интимни работи, а сето тоа било бодувано. Родител за „Слободен печат“ сведочеше низ што поминала ќерката на кампот „Секс скаутс и рок енд рол“ во кој учествувале 40-тина малолетници.

– Игра семафор – за секоја погрешна буква соблекуваш по едно парче облека за да не ти се брои погрешен одговор/негативен поен. Низ цела планина шетаа машки деца во долна облека. Четврта контролна точка – боење гол дел од телото оставање отпечаток на хамер. Секој учесник мора да остави различен дел од телото (не смее да се повторува). Така што сме исфорсирани да оставиме отпечаток од што поинтимен дел од телото, сведочи родилот за „Слободен печат“.

Повеќе медиуми се обидоа добијат одговори од претставниците на „Прв скопски извички одред“, но ниту еден од нив не одговара на телефонските повици. На социјалната мрежа Фејсбук на Одредот поставени се само две објави со фотографии од шаторите и означување дека почнува 12-от камп „Секс, скаутс и рок енд рол“.

Кампот се организирал викендов во Извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково.

Од ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација апелираат институциите итно  да постапат по допрен глас и целосно да го расветлат случајот поврзан со извидничкиот настан.

Еден од најважните постулати на сексуалното образование, нагласуваат оттаму, е да се гарантира безбедна средина за секој учесник и да постои согласност за учество од страна на учесникот, што е уште поважно кога станува збор за малолетни лица кои немаат законска можност да дадат согласност, велат од таму.