Скандал во хрватската војска: Пилоти превезувале шверцери на оружје


Тројца пилот на Хрватското воено возухопловство од војната база во Земуника се под истрага на цивилната и воената полиција, пренесуваат хрватските медиуми.

Пилотите со воен хеликоптер превезувале шверцери на оружје, а полицијата по претрагата во нивните домови пронашле и поголема количина на воена муниција.

„Тие се оддалечени од летачката служба и ускратени им се одредени материјални права кои се врзани за летачкиот додато“, изјави бридагдниот генерал Мато Микиќ, заповедник во Хрватското воено воздухопловство.

„Ова е изолиран случај, тоа во Хрватското воено воздухопловство досега не се случило. И понатаму ќе преземаме мерки за да спречиме такви случаеви“, додаде Микиќ за хрватските медиуми.