СЈО згасна, за Фетаи борбата за правда не застанува тука
Со стапување на сила на новиот закон за јавно обвинителство, борбата за правда не застанува, ниту животот застанува.
-Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот. Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите, изјави поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи.
Според новиот закон за јавно обвинителство кој стапува на сила од денеска, СЈО , кое беше формирано во 2015 година престанува со работа.