СЈО потврди дека Јанева е на одмор, а не на боледување


Фото: Б. Грданоски

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева користи годишен одмор, потврдија од СЈО откако беше објавена вест дека таа е на летување на Халкидики, во Ханиоти.

Освен информацијата дека Јанева е на одмор, од СЈО не можат ниту да ги потврдат, ниту, пак, да ги коментираат фотографијата и информациите дека таа е на плажа во Грција, бидејќи обвинителката не кажала каде и како ќе го користи одморот.

Објавата на фотографијата со шефицата на СЈО доаѓа во период кога таа е во центарот на вниманието во јавноста поради објавата на аферата „Рекет“.