Ситуацијата во Париз со короната забрзано се влошува

Епидемијата на корона вирусот во француската престолнина се влошува. Францускиот министер за здравство Оливие Веран предупреди дека ако ситуацијата со Ковид-19 во Париз не се подобри за време на викендот, градот може да биде ставен во „максимална готовност“ и сите барови и ресторани да бидат затворени од понеделник.

„Мораме да ја предвидиме оваа можност“, рече Веран на неговата неделна прес-конференција, додавајќи дека властите ќе внимаваат на нивото на контаминација со корона вирусот во следните 48 часа.

Француското Министерство за здравство пријави 13.970 нови случаи во изминатите 24 часа, за разлика од 12.845 нови случаи во средата.

Министерот рече дека неколку француски области избегнале од „брзата циркулација“ на вирусот и дека неколку градови веќе биле во зголемена готовност.

Во одредени поголеми градови – Лил, Лион, Гренобл, Тулуз и Сент Етјен – еволуцијата на вирусот беше премногу брза и „загрижувачка“, додаде тој.

Ситуацијата во Марсеј, ставена во максимална готовност минатиот викенд, е малку подобрена, како и во Бордо и Ница.

Две категории се најпогодени, младите и здравите „кои не сфаќаат“ дека се контаминирани затоа што немаат никакви симптоми или не мислат дека имаат симптоми и ранливи луѓе кои се „сериозно“ болни.