„Сите сме птици“ во режија на Унковски вечерва на репертоарот на МНТ


Вечерва со почеток во 20 часот, на големата сцена во МНТ во Скопје, ќе биде изведена претставата „Сите сме птици“ од Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски.

Актерска екипа:

 

Еитан – Дамјан Цветановски
Вахида – Сара Климоска
Еден – Тина Трпкоска
Леа – Звездана Ангеловска
Нора – Николина Кујача
Етгар – Емил Рубен
Давид – Никола Ристановски
Вазан – Петре Арсовски
Болничарка – Сашка Димитровска
Лекарка – Драгана Костадиновска

Преведувач од француски: Калиопа Петрушевска
Сценограф: Бранко Хојник
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Драматург: Јелена Мијовиќ
Композитор: Ирена Поповиќ-Драговиќ
Советник по историја: Натали Земон Дејвис
Дизајнер на проекции: Милчо Узунов
Асистент на сценографот: Илина Ангеловска

Извршен продуцент: Виктор Рубен

 

Оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, го истражува и идентитетот за тоа кои сме – или мислиме дека сме. Во драмата на оригиналниот и современ автор од либанско-канадско потекло, Важди Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сето она што го знаат за својот идентитет. Поради терористичкиот напад во Ерусалим младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан паѓа во кома, додека неговата девојка Вахида (американка со арапско потекло) е оставена да ја открие неговата семејна тајна…