Сите што работат со ковид пациенти предновогодишно ќе добијат по 30.000 денари


Фото: Б. Грданоски

Како награда за истрајноста и пожртвуваноста во работата со ковид болни пациенти лекари, медицински сестри, помошно-технички персонал, болничари, транспортери, технички лица пред Нова година ќе бида наградени со еднократна парична помош во висина од 30.000 денари

– Инвестираме во инфраструтура, во медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. Сега пред новогодишните празници сите вработени во јавно здравствените установи кои работат со ковид пациенти, а тоа се лекари, медицински сестри, помошно технички персонал, болничарите, транспортерите, техничките лица кои работат во тие одделенија каде се лекуваат пациенти со Ковид-19 ќе добијат еднократна парична награда. Станува збор за 7.600 вработени во јавното здравство кои по 30 000 денари, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, при посетата на модуларната болница во Штип.