Сите осуммина повредени во нападот со нож во Германија се очекува да преживеат


 Германските власти денеска соопштија дека сите осум лица повредени во минатонеделниот смртоносен напад со нож во западниот град Солинген се очекува да преживеат.

Херберт Реул, министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, рече дека повредените жртви ќе закрепнат.

Три лица беа убиени во нападот во Солинген во петокот, што повторно ги разгоре дебатите за имиграциските политики и депортации во Германија, пренесе ДПА.

Осомничениот сторител е идентификуван како Иса ал-Х според германските закони за приватност, 26-годишен Сириец кому му е одреден притвор.

Федералното јавно обвинителство го истражува за убиство и поради сомневање за членство во терористичката група Исламска држава.