Сите надлежни одат во куќен притвор поради експлозијата во Бејрут

 

Владата на Либан одлучила денеска да ги стави во куќен притвор сите надлежни од пристаништето во Бејрут, кои го надгледувале складирањето и безбедносните мерки од 2014 година.

Ова го пренесе Ројтерс повикувајќи де на неименувани извори од министерството.

Не е познато колкумина ќе бидат ставени во куќен притвор, а не се кажуваат ниту нивните функции.

Според изворите на Ројтерс, војската ќе ги надлгледува луѓето во куќен притвор, додека не се утврди одговорноста за огромната експлозија во пристаништето што се случи во вторникот.

Претходно денеска, генералниот менаџер на пристаништето во Бејрут, Хасан Корајтем рече дека во тој објект, пред шест години, врз основа на судски налог, ставен е во магацин високоексплозивен материјал, кој се смета за причина за силната експлозија, во која настрадаа повеќе од 100 луѓе.

Корајтем рече дека царинското одделение и државната безбедност барале од власите материјалот да биде извезен или отстранет, но како што наведе, тоа не се случило, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на телевизијата ОТВ.

Премиерот и претседателството на Либан соопштија дека 2.750 тони амониум нитрат, кој се користи за бомби и ѓубриво, шест години биле складирани во пристаништето, без почитување на мерките за безбедност.