Сите надежи во маските, граѓаните масовно ги одбегнуваат


Фото: Б. Грданоски

 По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 641 прекршок  во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.